
Основни информации
23
Известувања
Иконите за известување се прикажуваат на статусната лента на горниот дел од екранот за да
сигнализираат пропуштени повици, нови пораки, настани од календарот, статус на уредот и
др. Повлечете ја надолу статусната лента за да се отвори панелот за известување. Листајте низ
списокот за преглед на дополнителни известувања. За да го затворите панелот за известување,
повлечете ја нагоре лентата која се наоѓа на дното од екранот.
Од прозорецот со известувања, можете да го видите моменталниот статус на уредот и да ги
користите следите опции:
•
Wi-Fi
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Wi-Fi.
•
GPS
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата за GPS.
•
Звук
: Активирајте го или деактивирајте го тивкиот режим. Можете да го наместите уредот да
вибрира или да ги исклучува сите звуци во тивок режим.
•
Вртење екран
: Дозволете или спречете приказот да се ротира кога го вртите уредот.
•
Bluetooth
: Активирајте ја или деактивирајте ја одликата Bluetooth.
•
Мобилни податоци
: Активирајте ја или деактивирајте ја податочната врска.
•
Режим за блок.
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за блокирање. Во режим
за блокирање, уредот ќе ги блокира известувањата. Допрете
Нагодувања
→
Режим за
блокирање
за да изберете кои известувања ќе се блокираат.
•
Синхрон.
: Активирајте ја или деактивирајте ја автоматската синхронизација на апликациите.
•
Штедење на енергија
: Активирајте го или деактивирајте го режимот за штедење енергија.
Достапните опции може да се разликуваат во зависност од регионот или операторот.
Komentarze do niniejszej Instrukcji