
Опции
157
Брзина на покажувачот
Прилагодете ја брзината на покажувачот за глушецот или за подлошката поврзани со уредот.
Движења и гестови
Активирајте ја одликата за препознавање движења и променете ги опциите кои ја контролираат
одликата за препознавање на движења на Вашиот уред.
•
Движење
:
–
Директен повик
: Поставете уредот да оствари гласовен повик со кревање и доближување
на уредот до увото додека ги гледате деталите за повик, порака или контакт.
–
Паметно известување
: Поставете уредот да Ве известува ако имате пропуштени повици
или нови пораки кога ќе го подигнете уредот.
–
Зум
: Поставете да се зумира или одзумира додека прегледувате слики во
Галерија
или
прелистувате интернет-страници, со допирање и задржување две точки со прстите и потоа
со навалување на уредот напред и назад.
–
Премести икона
: Поставете уредот да преместува ставка на друга страница кога ќе ја
допрете и задржите ставката и потоа го навалувате уредот лево или десно.
–
Прегледај слика
: Поставете уредот да се движи низ сликата со движење на уредот во кој
било правец кога сликата е зумирана.
–
Искл. звук/паузирај
: Поставете уредот да го исклучи звукот на дојдовните повици,
алармите и музиката со поставување на уредот со лицето надолу.
•
Калибрирање на жироскопот
: Калибрирајте го жироскопот за Вашиот уред да може
правилно да ја препознае ротацијата.
•
Поставете го уредот на стабилна површина за време на калибрацијата. Процесот на
калибрација може да не успее ако уредот вибрира или се движи.
•
Калибрирајте го жироскопот кога ќе почувствувате колебање или ненамерни движења
при користење нагли движења или помрднувања или при игрите со овозможени
движења.
Komentarze do niniejszej Instrukcji