
Почнуваме
12
Користење мемориска картичка
Вметнување мемориска картичка
Вашиот уред прифаќа мемориски картички со максимален капацитет од 128 GB. Во зависност
од производителот и типот на мемориската картичка, некои мемориски картички може да не
бидат компатибилни со Вашиот уред.
•
Некои мемориски картички може да не бидат целосно компатибилни со
уредот. Користењето некомпатибилна мемориска картичка може да доведе
до оштетување на уредот или на мемориската картичка, и може да ги оштети
податоците зачувани на картичката.
•
Внимавајте мемориската картичка треба да ја вметнете со правилната страна
нагоре.
•
Уредот поддржува FAT и exFAT структури на фајлови за мемориски картички.
Доколку вметнете картичка форматирана со различна структура фајлови, уредот
може да побара преформатирање на мемориската картичка.
•
Честото снимање и бришење податоци го скратува работниот век на мемориските
картички.
•
Кога во уредот вметнувате мемориска картичка, се појавува директориумот со
фајлови на мемориската картичка во папката
Мои фајлови
→
SD card
.
1
Отворете го капакот на отворот за мемориска картичка.
2
Вметнете ја мемориската картичка со златно-обоените контакти свртени надолу.
3
Притиснете ја мемориската картичка во отворот до крај додека не се заклучи на лице
место.
4
Затворете го капакот на отворот за мемориска картичка.
Komentarze do niniejszej Instrukcji