
Нагодувања
162
Меморија
Видете информации за меморијата на Вашиот уред и мемориската картичка или
форматирајте ја мемориски картичка.
На екранот Нагодувања, допрете
Општо
→
Меморија
.
Форматирањето на мемориската картичка ќе доведе до трајно бришење на сите
податоци од картичката.
Вистинскиот достапен капацитет на внатрешната меморија е помал од назначениот
капацитет, бидејќи оперативниот систем и стандардните апликации заземаат дел од
меморијата. Достапниот капацитет може да се промени кога ќе го надградите уредот.
Сигурност
Променете ги опциите за безбедност на уредот.
На екранот Нагодувања, допрете
Општо
→
Сигурност
.
•
Шифрирање на уредот
: Поставете лозинка за шифрирање на податоците зачувани на
уредот. Лозинката морате да ја внесувате при секое вклучување на уредот.
Наполнете ја батеријата пред да ја овозможите оваа опција бидејќи може да биде
потребно повеќе од еден час за да се шифрираат податоците.
•
Шифрирај надворешна SD-картичка
: Поставете уредот да ги шифрира фајловите на
мемориската картичка.
Ако го ресетирате уредот на фабричките стандардни вредности, а оваа функција
е овозможена, уредот нема да може да ги прочита Вашите шифрирани фајлови.
Исклучете ја оваа опција пред да го ресетирате уредот.
•
Далечински контроли
: Поставете уредот да овозможи контрола на Вашиот изгубен или
украден уред далечински, преку Интернет. За користење на оваа одлика, морате да се
најавите на Вашата сметка на Samsung.
–
РЕГИСТРАЦИЈА НА СМЕТКА
: Додајте или прикажете ја Вашата сметка на Samsung.
–
Користи безжични мрежи
: Поставете да се дозволи собирање информации и да се
одреди локацијата на Вашиот изгубен или украден уред преку мрежа Wi-Fi.
•
Отвори сајт
: Пристапете до интернет-страницата Find my mobile
(findmymobile.samsung.com). Можете да го следите и контролирате Вашиот изгубен или
украден уред на интернет-страницата Find my mobile.
Komentarze do niniejszej Instrukcji