
Интернет и мрежа
70
WatchON
Користете ја оваа апликација за поврзување со телевизор за да ги гледате Вашите омилени
серии и филмови.
Допрете
WatchON
на екранот со апликации.
Оваа апликација може да биде недостапна во зависност од регионот или давателот
на услуги.
Прво, мора да го поврзете уредот на мрежа и да се осигурате дека инфрацрвениот
приклучок на уредот е свртен кон телевизорот.
Поврзување со телевизор
Поврзете со телевизор за да го прикажете екранот на уредот на голема површина и
далечински управувајте го телевизорот со уредот. Чекорите се разликуваат во зависност од
избраните опции.
Изберете земја, регион и служба за емитување. Следете ги упаствата на екранот за да ја
регистрирате телевизијата на уредот. Чекорите се разликуваат во зависност од избраните
опции.
За да се поврзете на други уреди, притиснете го копчето за мени и потоа допрете
Settings
→
Living room
→
ADD DEVICE
.
Гледање телевизија
Изберете од предложените ТВ програми врз основа на Вашиот избор при регистрацијата на
телевизорот, или изберете категорија на горниот дел од екранот. Изберете ТВ-програма и
потоа допрете
WATCH ON TV
. Избраната програма ќе се прикаже на поврзаниот телевизор.
Допрете
и отворете го контролниот панел за управување со телевизорот.
Поставување потсетници за програми
Допрете го времето на дното од екранот и изберете време за ТВ програмата што сакате да ја
гледате. Изберете програма и допрете
REMIND ME
.
Komentarze do niniejszej Instrukcji